Англија и САД одиграа нерешено без голови на Светското првенство
- Репрезентациите на Англија и САД одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата Б на Светското првенство 2022 година. Средбата на стадионот „Ал-Бајт“ во Ал Хор заврши со резултат

Ал Хор, 25 ноември 2022 (МИА) - Репрезентациите на Англија и САД одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата Б на Светското првенство 2022 година. Средбата на стадионот „Ал-Бајт“ во Ал Хор заврши со резултат 0:0.
Во текот на целиот натпревар Англија упати три удари кон противничкиот гол, САД - еден.
Англија никогаш не ги победила САД на официјални натпревари. Тимовите се сретнаа двапати на светските првенства (1950, 2010) - тимот на САД победи еден натпревар, вториот заврши нерешено.
Англиа е лиде рна табелата во Б-групата со четири бода, Иран е втор со три, САД имаат два, Велс еден.
Следниот натпревар Англија го игра на 29 ноември против Велс, а САД истиот ден ќе се сретнат со Иран. зс/