Англиски навивач насочи ласер во лицето на Шмајхел за време на пеналот на Кејн
- Во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска (2: 1), за време на ударот од 11 метри на Хари Кејн, навивач на „Вембли“ насочи ласер во лицето на данскиот голман Каспер Шмајхел.
![Англиски навивач насочи ласер во лицето на Шмајхел за време на пеналот на Кејн](https://mia.mk/index.php/images/20221107224902_big_730x400_17.webp )
Лондон, 8 јули 2021 (МИА) - Во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска (2: 1), за време на ударот од 11 метри на Хари Кејн, навивач на „Вембли“ насочи ласер во лицето на данскиот голман Каспер Шмајхел.
Голманот и покрај тоа што беше попречуван, успеа да го одбрани пеналот на Кејн, но за негова несреќа, топката се одби кон капитенот на Англија кој реализира од вториот обид.
Англија победи со 2:1 и се пласира во финалето каде ќе се сретне со Италија. зс/