• понеделник, 16 декември 2024

Англискиот судија Кут под истрага на УЕФА

Англискиот судија Кут под истрага на УЕФА

 

Нион, 15 ноември 2024 (МИА) – Европската фудбалска унија (УЕФА) почна истрага против англискиот фудбалски судија Дејвид Кут, по објавувањето видео на кое наводно се гледа како користи кокаин за време на Европското првенство кое ова лето се одржа во Германија.

„Етичкиот и дисциплинскиот инспектор на УЕФА ќе процени потенцијално прекршување на дисциплинските прописи на УЕФА од страна на судијата Дејвид Кут“, се вели во соопштението на УЕФА.

Кут беше асистент во ВАР собата на осум натпревари на Европското првенство.

Британскиот весник „Сан“ во средата објави видео на кое се гледа како Кут консумира кокаин, користејќи банкнота од долар.

Во извештајот се наведува дека инцидентот бил снимен еден ден по четвртфиналето меѓу Португалија и Франција.

Претходно, Кут беше суспендиран од англиското судиско тело во понеделникот и е под истрага, откако на друга снимка се гледа како тој дава навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан