Ангелов: Треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво
- Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 18 часот на гостински терен во Црна Гора го игра четвртиот натпревар во овој квалификациски циклус за Европското првенство 2027
Скопје, 13.октомври 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 18 часот на гостински терен во Црна Гора го игра четвртиот натпревар во овој квалификациски циклус за Европското првенство 2027.
Нашите фудбалски надежи во овој дуел влегуваат по домашниот триумф над Ерменија во петокот од 2:1. Тоа беа и првите бодови за избраниците на Горан Станиќ.
Сега следува и второто гостување во групата во Тузи, а противник ни е Црна Гора.
Од поразите против Полска и Италија извлековме многу поуки. Ги видовме нашите грешки и напредокот е евидентен. Домашниот дуел против Ерменија, добро ни дојде. Освоивме три бода, сакаме да продолжиме во таа насока. Црна Гора е доволно анализирана, знаеме што може овој противник, но и кои му се слаби страни. Нема што премногу да се осврнуваме на противникот, треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво, и да постигнеме уште еден добар резултат – изјави капитен Матеј Ангелов. мн/
Фото: ФФМ