• среда, 27 ноември 2024

Ангелов: Селото Будинарци е обезбедено со тампон зона и соодветна механизација

Ангелов: Селото Будинарци е обезбедено со тампон зона и соодветна механизација
Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Пожарот од пехчевскиот регион е префрлен кон беровско и во моментот гори борова шума над селото Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
- Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецот и сега огнот почна да се одалечува од селото. Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа, а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со девет цистерни, како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми. Во целиот овој регион се концентрирани уште многу сили, а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот, напиша Ангелов на Фејсбук. бак/рп/

Остани поврзан