• вторник, 19 ноември 2024

Ангеловски: Откако ја погледнав снимката, одлучив Несторовски да го ослободам за мечот со Германија

Ангеловски: Откако ја погледнав снимката, одлучив Несторовски да го ослободам за мечот со Германија
Скопје, 29 март 2021 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови. - Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија, соопшти Ангеловски. Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март. зс/

Остани поврзан