• петок, 26 јули 2024

Ангеловски им даде поштеда на Пандев, Адеми и Димитриевски за средбите со Естонија и со Ерменија

Ангеловски им даде поштеда на Пандев, Адеми и Димитриевски за средбите со Естонија и со Ерменија
Скопје, 13 ноември 2020 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги ослободи од обврските за средбите со Естонија и Ерменија, капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски. Прекоманда од селекцијата до 21 година во А-тимот, добија Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков. Сепак, Јанков ќе биде на располагање на младинската репрезентација за дуелот со Црна Гора. Македонската репрезентација која вчеравечер обезбеди пласман на Европското првенство 2020, в недела во Ц-сегментот Група-2 ќе ја пречека Естонија, а три дена подоцна (18 ноември) ќе и гостува на Ерменија. зс/

Остани поврзан