• среда, 27 ноември 2024

Ангеловска: Од 2008 до 2016 година долгот е удвоен, а економијата растела со само околу два отсто 

Ангеловска: Од 2008 до 2016 година долгот е удвоен, а економијата растела со само околу два отсто 
Скопје, 4 март 2020 Јавниот долг од 2008 до 2016 година е дуплиран, а притоа за овој период продуциран е значително понизок економски раст, во просек од 2,4 %. Растот на економијата, не го оправдува ова зголемување на јавниот долг. Министерката за финансии Нина Ангеловска во емисијата „Топ тема“ во која гостуваше со поранешниот министер за финансии Трајко Славески посочи дека ако долгот не е пропратен со соодветен економски раст - како за периодот од 2008-20016 кога е удвоен, не е оправдан. - Ако го погледнеме растот на јавниот долг од 2008 до 2016 година е удвоен. Тој би требало да продуцира повисок економски раст, но продуцирал раст од 2,4%. Сега долгот е стабилизиран и продуцира раст од 3,5 и 2,7. Ако јавниот долг не продуцира нова економска вредност,не е оправдан - рече министерската за финансии Нина Ангеловска. Министерката за финансии посочи дека јавниот долг сега е стабилизиран, како резултат на консолидација на буџетскиот дефицит и отплата на старите обврски по пониски камати, како и водењето на прудентна политика на јавен долг. Долгот во 2019 година изнесува 48,9% отсто, кој ако се одземе негарантираниот долг, кој претходно не се пресметувал, е на пониско ниво од 2016 година. Дефицитот ако во 2012, 2013, 2014, 2015 изнесувал околу 4% - сега е преполовен. Исто така, неколкукратно се намалени каматите по кои се финансираат старите обврски. Во 2020 треба да се отплатат стари долгови во износ од 700 милиони евра. Министерство за финансии ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан