Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените клучен фактор за економски напредок
- Во 2021 година разликата во поседувањето платежни сметки меѓу мажите и жените на светско ниво се намалила на 6 процентни поени, но сè уште има поголема веројатност дека жените ќе располагаат со неактивни сметки и ќе имаат помал пристап до финансиски услуги. Слична е состојбата и во земјава. Иако е забележано подобрување, родовиот јаз во пристапот до финансии сè уште постои. Според последните податоци, во 2021 година 79,9 отсто од жените и 90,6 проценти од мажите во Северна Македонија поседувале платежна сметка. Овој родов јаз од 10,7 процентни поени е значително поголем од просекот во Европа и Централна Азија каде што изнесува 3,2 процентни поена. Овие податоци не се само статистика, тие се јасен показател дека е неопходно да се преземат натамошни мерки за подобрување на финансиската вклученост на жените, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.