• среда, 27 ноември 2024

Ана де Армас и Кијану Ривс заедно во продолжение на „Џон Вик“

Ана де Армас и Кијану Ривс заедно во продолжение на „Џон Вик“

Лос Анџелес, 9 јануари 2023 (МИА) - Ана де Армас и Кијану Ривс глумат заедно во претстојното „спин-оф“ продолжение на „Џон Вик“ насловено „Балерина“, па глумицата открива дека филмот ќе содржи и „тепачка“ неа и ликот на Ривс.

- Четири месеци снимавме во Прага. Имаме уште еден месец. И, сѐ ме боли. Телото, грбот - сѐ ме боли! Целата сум во модринки!, рече таа во вечерната забавна емисија „Тунајт шоу“.

Нејзе не ѝ се непознати филмските акробации, откако се појави, на пр., во последниот „Џејмс Бонд“ филм, но таа вели дека „Балерина“ е на „сосем друго ниво“.

- Во „Бонд“ се појавив околу 15 минути. Ова е поинаков филм... Друго ниво. Пред некој ден, Кијану и јас ја вежбавме нашата најтешка каскадерска сцена, а тој без напор се тркалаше, и ме фрлаше, и правеше луди акробации. И знам дека не можам да се пожалам покрај него. Тој е навистина најдобар!, рече таа.

Де Армас во филмот ја глуми балерината-убиец Руни. Меѓу глумците се и Ијан Мекшејн, Ањелика Хјустон, Норман Ридус, Каталина Сандино Морено и Габриел Бирн.

„Балерина“ е во фаза на снимање, а „Џон Вик 4“ треба да се прикажува веќе од март.  си/

https://www.youtube.com/watch?v=uSTqokEHbig

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан