Ананд: Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина
- Канадската министерка за одбрана Анита Ананд изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина

Отава, 26 јануари 2023 (МИА) – Канадската министерка за одбрана Анита Ананд изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина.
– Канада ќе и испорача четири главни борбени тенкови Леопард 2 на Украина во наредните недели. Оваа донација, комбинирана со придонесите од сојузниците и партнерите, значително ќе им помогне на вооружените сили на Украина додека херојски се борат за одбрана на слободата и суверенитетот на својата нација. На украинските вооружени сили итно им е потребна опрема, нагласи Ананд.
Таа додаде дека тенковите ќе им овозможат на украинските војници тактичка предност и ќе и овозможат на Украина да ослободи уште повеќе од својата територија.
Ананд посочи и дека во обуката на украинските војници ќе учествуваат одреден број припадници на канадските вооружени сили. ми/