• понеделник, 16 декември 2024

Анализа на Би-Би-Си: Паралелниот универзум на Путин

Анализа на Би-Би-Си: Паралелниот универзум на Путин
Лондон, 21 февруари 2022 (МИА) - Голем дел од говорот на Владимир Путин за Украина звучеше како трескавичен сон. Беше тоа кошмарна визија за Украина, како за земја која е економски осакатена, крајно корумпирана, наклонета кон развој на нуклеарно и друго оружје за масовно уништување и неблагодарна за целото великодушно внимание што и го посветува Русија уште од распаѓањето на СССР, се наведува во мини анализата на Би-Би-Си. „Ова не беше ново. Путин напиша долга статија минатото лето, изнесувајќи многу од истите аргументи. Но, тоа не значи дека говорот на Путин не беше шокантен. Ако ништо друго, сите што се сомневаа можеа да се уверат дека Путин зборува од сосема поинаква перспектива. Тоа не беше само поинаква верзија на историјата, тоа беше говор од паралелен универзум, според Би-Би-Си. Но, дали има лекции и за западот? Зошто, праша г-дин Путин, НАТО стана непријател на Русија? Западната алијанса секако никогаш не се нафатила да направи такво нешто. Но,  рускиот лидер уште еднаш подвлече дека Кремљ и понатаму е длабоко огорчен од начинот на кој се одвиваше историјата. Според логиката на Путин за сè или ништо, НАТО добил сè, на сметка што Русија не добила ништо. Емануел Макрон зборуваше за решавање на „грешките од минатото“ откако се сретна со Путин во Москва пред две недели. Веројатно, сугерирајќи дека Западот сноси одредена одговорност што дозволи оваа врска толку лошо да се влоши. Ако и кога кризата околу Украина може да се реши, како НАТО и Русија можат да ја ревитализираат врската?“, прашува Би-Би-Си во анализата. ссм/  

Остани поврзан