Аморим сè уште не може да премине во Манчестер jунајтед поради проблеми со визата
- Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим се уште не може да допатува во Велика Британија поради проблеми со визите.
Лондон, 11 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим сè уште не може да допатува во Велика Британија поради проблеми со визите.
Според „Тајмс“, процесот може да се одолговлекува уште неколку дена. Триесет и деветгодишниот Португалец требаше да се приклучи на тимот на 11 ноември.
Договорот на Аморим со Манчестер јунајтед е до јуни 2027 година, со можност за продолжување на уште една година.
Аморим го предводеше Спортинг од 2020 година. Под негово водство, тимот двапати го освои португалскиот шампионат - титулата во сезоната 2020/21 беше прва за Лавовите по 19 години. Пред Спортинг, Аморим работеше за Брага. зс/
Фото: ЕПА