• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Аморим: Моите фудбалери со нетрпение го очекуваат полуфиналето во Лига Европа

Аморим: Моите фудбалери со нетрпение го очекуваат полуфиналето во Лига Европа

Билбао, 1 мај 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, е уверен дека неговите играчи се подготвени за полуфиналето од Лигата на Европа против Атлетик Билбао.

- Момците се подготвени. Сите наши фудбалери играат за своите репрезентации. Сезоната беше тешка од сите аспекти, но не ја гледам како проблем. Играчите со нетрпение го очекуваат овој натпревар и се способни за победа. Ова може да ја промени нашата динамика за денес и за следната сезона. На секој натпревар играме различно. Ќе ја погледнеме формацијата на нашите противници и ќе се прилагодиме, изјави Аморим.

Натпреварот Атлетик - Манчестер јунајтед ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.

Во другото полуфинале се среќаваат Тотенхем – Бодо Глимт. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан