Аморим за масовните отпуштања во Јунајтед: Тешко ни е на сите во клубот
- Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим ги коментираше масовните отпуштања во англискиот клуб.

Манчестер, 26 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим ги коментираше масовните отпуштања во англискиот клуб.
- Секогаш е тешко за секого. Луѓето гледаат како нивните пријатели и соиграчи ја губат работата. Мораме да се фокусираме да му помогнеме на клубот во овој момент и ние како тим треба да разбереме што згрешивме за да дојдеме во оваа ситуација. Знаеме дека оваа година беше навистина тешка година за сите, многу работи се менуваат, и ако тимот е тим кој работи добро и победува, тогаш во одредена смисла на навивачите им е полесно да се справат со промените. Сепак, во моментов сме во друга фаза и во клубот и на теренот. Мора да се бориме со ова чувство и даваме се од себе, изјави Аморим за „Manchester Evening News“.
Раководството на Манчестер јунајтед претходно објави дека ќе укине меѓу 150 и 200 работни места како дел од дополнителните мерки за подобрување на финансиската одржливост.
Клубот исто така ги намали трошоците за угостителство за персоналот на клубот и за печатење на навивачки програми. зс/
Фото: ЕПА