• сабота, 27 јули 2024

Амнести Интернешнел: Во Азија расте репресијата, но и отпорот кон тоа

Амнести Интернешнел: Во Азија расте репресијата, но и отпорот кон тоа
Бангкок, 30 јануари 2020 (МИА) - Организацијата Амнести Интернешнел (АИ) во годишниот извештај за Азиско-пацифичкиот регион оцени дека авторитарните контроли сè повеќе ја поткопуваат слободата во Азија, но дека расте и волјата на граѓаните да се спротивстават на ваквата репресија. Во денешниот извештај на АИ се наведува дека авторитарните влади во Азија ги поткопуваат човековите права и ги демонизираат своите критичари, но се соочуваат со зголемен бран протести на млади луѓе кои ризикуваат да протестираат против ваквата репресија. Во извештајот се тврди дека Индија и Кина, двете најмногубројни држави, се обидуваат да ја наметнат својата „мрачна, доминантна визија за континентот каде малцинствата се сметаат за закана за националната безбедност“. - Ние гледаме ескалација на репресијата во многу земји. Но, исто така, забележуваме зголемување на отпорот и протести, честопати водени од млади луѓе од Хонг Конг до Индија, од Мјанмар до Тајланд, рече регионалниот директор на АИ, Никола Беквелин. паг/

Остани поврзан