• среда, 25 декември 2024

Амирабдолахиан: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Амирабдолахиан: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Техеран, 23 април 2024 (МИА)  - Санкциите на Европската унија се за жалење, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан.

Санкциите, за кои беше постигнат принципиелен договор минатата недела, треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, пренесуваат британските медиуми.

Амирабдолахиан во објава на платформата Х напиша дека е „за жалење“ тоа што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи своето право за самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесуваат британските медиуми.

На 13 април Иран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, соопштувајќи дека тоа е одмазда за израелското бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера начелно се согласија да ги прошират санкциите кон Иран и да ги прошират рестриктивните мерки против извозот на оружје, беспилотни летала или ракети од Техеран за сојузниците на Иран и Русија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан