• вторник, 24 декември 2024

Американски морнари по низа самоубиства преместени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“

Американски морнари по низа самоубиства преместени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“
Вашингтон, 4 мај 2022 (МИА) - Повеќе од 200 членови на морнарицата се префрлени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“, откако неколку членови на екипажот извршиле самоубиство, соопшти американската морнарица. Морнарите биле префрлени во објект на американската морнарица, но носачот на нуклеарен погон продолжил да плови кон бродоградилиштето Њупорт Њуз во Вирџинија, каде што ќе биде поправен. Во претходните 12 месеци загинаа седум членови на екипажот, од кои четворица се самоубија, поради што американската морнарица покрена истрага. Командантот на носачот Брент Гот донесе одлука да им дозволи на морнарите кои живеат на бродот да се преселат во други објекти. На првиот ден од преместувањето, кое почна во понеделникот, повеќе од 200 морнари го напуштија носачот на авиони и останаа во блискиот воен објект. Капацитетот на бродот е околу 5.000 луѓе, но на него сè уште има околу 2.700 вработени морнари кои ќе работат за време на ремонтот. ми/

Остани поврзан