• петок, 05 декември 2025

Американски конгресмени во посета на Кина по шест години

Американски конгресмени во посета на Кина по шест години

Пекинг, 22 септември 2025 (МИА) - Делегација на американски конгресмени денеска се сретна со кинескиот министер за одбрана Донг Џун во Пекинг, што е прва ваква посета на претставници на Претставничкиот дом од 2019 година. Разговорите биле насочени кон зајакнување на билатералната соработка, вклучително и воената комуникација.

Двопартиската делегација ја предводеше демократот Адам Смит, претседател на Комисијата за вооружени сили во Претставничкиот дом. - Убедени сме дека ваквите посети треба да бидат почести, а разговорите заживеани, изјави Смит, нагласувајќи дека е клучно отворањето на комуникациски канали, особено воените.

Министерот Донг Џун ја оцени посетата како „добра фаза“ во напорите за подобрување на односите меѓу САД и Кина и ги повика конгресмените да помогнат во отстранување на пречките преку конструктивни и прагматични мерки. Тој нагласи дека кинеската армија е подготвена да гради стабилни и позитивни воени врски, засновани на почитување и мирно коегзистирање, при тоа заштитувајќи го националниот суверенитет и безбедноста. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан