• вторник, 27 август 2024

Американски воен брод истрела предупредувачка ракета над ирански брод

Американски воен брод истрела предупредувачка ракета над ирански брод
Манама, 21 јуни 2022 (МИА) - Воен брод на американската морнарица истрела предупредувачка ракета за да го пренасочи глисерот на Иранската револуционерна гарда, кој се движеше право кон него, соопштија денеска официјални лица по повод настаните во Ормускиот проток. Според соопштението на морнарицата, патролен брод од класата Циклон „USH Orphan“ и брз транспортен брод „Spearhead“ „USNS CHoctaw County“ се сретнале во понеделникот со три ирански бродови додека влегувале во Персискиот залив преку Ормускиот теснец. Морнарицата соопшти дека ова е втор таканаречен „небезбеден и непрофесионален“ инцидент со Иран во последните месеци. Вчерашниот инцидент со иранската револуционерна гарда и американската морнарица се случи во време кога и натаму се присутни тензиите поради застојот на преговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор со светските сили. паг/  

Остани поврзан