• четврток, 07 ноември 2024

Американски Апелациски суд ја блокира програмата на Трамп за мигрантите

Американски Апелациски суд ја блокира програмата на Трамп за мигрантите
Вашингтон, 28 февруари 2020 (МИА) - Американскиот Апелациски суд од Сан Франциско денеска ја блокира политиката на администрацијата на Трамп заради која десетици илјади мигранти мораат со месеци во Мексико да чекаат на датум за рочиште на американските имиграциски судови. Тројца судии на Апелацискиот суд изјавија дека политиката на администрацијата на Трамп е во судир со текстот и целта на американските имиграциски закони. Програмата, која е во сила една година и се нарекува Протокол за заштита на мигрантите (МПП), е една од најдраматичните промени на имиграциската политика што ја донесе администрацијата на Трамп. Околу 59.000 мигранти се вратени во Мексико во рамки на оваа програма. Програмата прво почна да се спроведува во Сан Диего, а потоа се прошири и на другите премини долж американско-мексиканската граница. Мигрантите, меѓу нив и бројни деца, се соочени со насилство додека во опасните погранични градови чекаат на судска постапка за добивање азил во САД. Од 1 септември лани најмалку 343 лица се нападнати или трпеле закани во Мексико, покажуваат извештаите на организацијата „Хјуман Рајтс Воч“, во кои се документирани грабнувања, силувања и напади. сд/

Остани поврзан