• сабота, 23 ноември 2024

Американските сенатори повторно предлагаат закон - ниту еден претседател да не може да ги повлече САД од НАТО

Американските сенатори повторно предлагаат закон - ниту еден претседател да не може да ги повлече САД од НАТО

Вашингтон, 12 јули 2023 (МИА) – Во овие два дена на оддржување на самиот на НАТО во Вилнус, американски сенатори и од Демократската и од Републиканската партија ги обновија напорите да спречат кој било американски претседател да ги повлече САД од Алијансата.

Заедничката резолуција, до која увид имале британските медиуми, е нов обид на Конгресот да осигура дека ниту еден американски претседател нема да може да го напушти НАТО без да добие одобрение од Сенатот.

„Претседателот нема да ги суспендира, укине, откаже или повлече САД од Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година, освен со одобрение од двотретинско мнозинство во Сенатот“, се наведува во резолуцијата.

Законот во изминатите години беше предложуван неколку пати, вклучително и за време на мандатот на Доналд Трамп, кој јавно кажа дека САД треба да го напуштат НАТО.

Актуелниот претседател Џо Бајден е голем поддржувач на Алијансата, особено во околностите на руската агресија врз Украина. Се очекува тој денеска да зборува за единството меѓу сојузниците на самитот во Вилнус. сд/

Остани поврзан