• понеделник, 23 декември 2024

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина

Стокхолм, 7 октомври 2024 (МИА) - Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун ја добија годинашната Нобелова награда за медицина за откритието на микроРНК, нова класа на ситни РНК молекули кои играат клучна улога во регулацијата на гените, објави денеска  шведскиот институт Каролинска.

„Годинашната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој управува со тоа како се регулира активноста на гените“, се наведува во соопштението на Институтот.

„Виктор Амброс и Гери Рувкун работеа на развојот на различни типови на клетки“, додаваат од комитетот.

Нивното „револуционерно“ откритие на микроРНК откри „целосно нов принцип на регулација на гените што се покажа како суштински за повеќеклеточните организми, вклучително и луѓето. Сега е познато дека човечкиот геном кодира повеќе од илјада микроРНК“, се додава во соопштението на Комитетот.

Амброс (71) работи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс, додека Рувкун (72),  работи во Медицинскиот факултет Харвард и Општата болница во Масачусетс. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан