• четврток, 26 декември 2024

Американските метеоролози годинава предвидуваат зголемен број на урагани

Американските метеоролози годинава предвидуваат зголемен број на урагани
  Вашингтон, 22 мај 2021 (МИА) - Американските метеоролози во најновиот извештај на Националната администрација за океани и атмосфера (НОАА) најавуваат натпросечна сезона на урагани оваа година. Вообичаената сезона, од 1 јуни до 30 ноември, бележи 14 именувани бури, вклучително седум урагани и три големи урагани. Оваа година, НОАА предвидува помеѓу шест и десет урагани, од кои три до пет големи. Но, овие предвидувања не се близу до најголемиот број бури забележани во 2020 година, кога се случија 14 урагани, од кои седум беа големи. Сепак, НОАА предупредува дека жителите на крајбрежните области мора да останат внимателни во текот на сезоната.    

Тагови

Остани поврзан