• сабота, 23 ноември 2024

Американскиот тенисер Корда ограбен пред турнирот во Монте Карло

Американскиот тенисер Корда ограбен пред турнирот во Монте Карло

 

Монте Карло, 12 април 2024 (МИА) – Американскиот тенисер Себастијан Корда бил нападнат и ограбен пред почетокот на АТП турнирот од серијата 1000 во Монте Карло, објави денеска весникот „Фигаро“.

Инцидентот се случил на 4 април во туристичкиот град Рокбрун-Кап-Мартен. Според весникот, 23-годишниот тенисер бил нападнат од двајца непознати мажи – едниот го соборил Корда на земја, а другиот во тоа време му го украл часовникот вреден 300 илјади евра.

Напаѓачите успеале да побегнат.

Полицијата го истражува случајот.

Корда в средата загуби од Италијанецот Јаник Синер во второто коло на Мастерсот во Монте Карло со 2-0 во сетови (1:6, 2:6). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан