• среда, 27 ноември 2024

Американскиот регулатор бара појаснувања од „Тесла“ за безбедноста на автопилотот

Американскиот регулатор бара појаснувања од „Тесла“ за безбедноста на автопилотот

Лос Анџелес, 30 август 2023 (МИА) - Американското регулаторно тело за автобезбедност што го истражува „Автопилот“ - софтверот за помош на „Тесла“, изрази загриженост дека системот им дозволува на возачите да минат премногу долго време занемарувајќи го воланот, со што се изложени на поголема опасност од несреќа, се наведува во објавените документи.

Националната управа за безбедност во сообраќајот на патиштата во САД (НХТСА), во посебен налог од 26 јули, се фокусира на иновацијата на „Тесла“ што им овозможува на возачите да го користат автопилотот подолго време. Следствено, НХТСА бара од компанијата да одговори на прашања и да обезбеди документација. Не се налагаат никакви промени.

„Послабата контрола може да доведе до зголемено невнимание на возачот и неправилно следење на автопилотот“, се вели во писмото на НХТСА.

Се истражуваат и перформансите на програмата, откако биле идентификувани повеќе од 10 несреќи при што возила на „Тесла“ удриле во паркирани амбулантни возила. Во налогот се бара документацијата и објаснувањата да се достават до 25 август за да ѝ се помогне на НХТСА во истрагата. Доцнењето на одговорот може да резултира со парична казна од 26.315 долари дневно.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан