• вторник, 24 декември 2024

Американскиот разурнувач „УСС Керни“ собори 14 дронови на Хутите над Црвено Море

Американскиот разурнувач „УСС Керни“ собори 14 дронови на Хутите над Црвено Море

Вашингтон, 16 декември 2023 (МИА) – Американски разурнувач денеска собори 14 беспилотни летала лансирани од јеменските Хути во Црвеното Море, соопшти американската Централна команда.

„Во раните утрински часови на 16 декември, по јеменско време, американскиот разурнувач „УСС Керни“, што се наоѓа во Црвеното Море, успешно собори 14 беспилотни летала лансирани од територијата на Јемен контролирана од Хутите“, се наведува во соопштението на американската војска , пренесоа британските медиуми.

Американската морнарица додава дека не е причинета штета на бродовите во реонот, а нема ниту повредени.

Истиот ден, француската бродска групација CMA CGM соопшти дека го суспендира целиот транспорт преку Црвеното Море по нападите врз трговските бродови во регионот.

„Ситуацијата се влошува и загриженоста за безбедноста расте. Затоа, решивме сите товарни бродови на компанијата CMA CGM во областа, кои се упатија кон Црвеното Море, да останат во безбедни области и да го паузираат натамошното патување“, соопшти бродската група опд Марсеј. сд/

Остани поврзан