• петок, 05 декември 2025

Американскиот пратеник Томас Барак задоволен од одговорот на либанскиот претседател Аун на барањето за разоружување на Хезболах

Американскиот пратеник Томас Барак задоволен од одговорот на либанскиот претседател Аун на барањето за разоружување на Хезболах

Бејрут, 7 јули 2025 (МИА) - Американскиот пратеник за Сирија, Томас Барак, денеска изјави дека е задоволен од одговорот на Либан на барањето за разоружување на либанското движење Хезболах, ослабено од војната со Израел, и го повика Либан да започне дијалог со Израел.

-Неверојатно сум задоволен од одговорот на либанските власти, изјави Барак по средбата со претседателот Џозеф Аун, но не прецизираше каков е одговорот на Либан.

Американскиот пратеник рече дека се развива план за напредок и потсети дека Хезболах е исто така политичка партија и мора да сфати дека има иднина во Либан.

Барак го предупреди Либан дека ќе „заостане“ доколку не се придружи кон таборот за промени во регионот, наведувајќи го примерот на соседна Сирија, за која рече дека започнала дијалог со Израел, и „токму така, Либан треба повторно да започне дијалог“ со Израел, рече американскиот пратеник.

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, вчера изјави дека движењето „нема да капитулира“ ниту да го предаде своето оружје под закана.

Касем посочи дека Израел прво мора да го спроведе договорот за прекин на огнот со кој формално заврши војната меѓу двете страни во ноември 2024 година, вклучително и повлекувањето на Израел од териториите што сè уште ги окупира во Либан.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан