Американскиот новинар Еван Гершкович на второ рочиште за обвиненијата за шпионажа
- Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович денеска се појави пред судот во Екатеринбург на второ рочиште за обвиненијата за шпионажа, соопшти судот.

Екатеринбург, 18 јули 2024 (МИА) - Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович денеска се појави пред судот во Екатеринбург на второ рочиште за обвиненијата за шпионажа, соопшти судот.
Гершкович, неговиот весник и американската влада ги негираат наводите.
Гершкович е обвинет дека собирал доверливи информации по наредба на ЦИА, во врска со фабриката за тенкови „Уралвагонзавод“, која се наоѓа на околу 150 километри од Екатеринбург.
Судењето не е отворено за јавноста. паг/
Фото: МИА архива