• среда, 27 ноември 2024

Американската компанија „Колонијал пајплајн“ платила откуп на хакери

Американската компанија „Колонијал пајплајн“ платила откуп на хакери
Вашингтон, 19 мај 2021 (МИА) - Извршниот директор на „Колонијал пајплајн“ (Сolonial Pipeline) Џозеф Блоунт во интервју за „Волтстрит џурнал“ изјави дека одобрил исплата на откуп од 4,4 милиони долари како одговор на минатомесечниот кибер напад врз мрежата на компанијата. Тоа е прва јавна изјава дека компанијата платила откуп. - Тоа беше вистинската работа да се направи за земјата. Не го направив тоа лесно. Ќе признаам дека не ми беше пријатно да видам како парите одат кај такви луѓе, посочи Блоунт. Си-Ен-Ен минатата недела објави дека „Колонијал пајплајн“ платила откуп на групата што извршила кибер напад. Поради кибер нападот беа стопирани активностите на гасоводот, поради што беше нарушено снабдувањето со бензин во југоисточниот дел на САД. ми/

Остани поврзан