• понеделник, 23 декември 2024

Американската гимнастичарка Чилс вложи жалба за одземениот олимписки медал

Американската гимнастичарка Чилс вложи жалба за одземениот олимписки медал

 

Цирих, 17 септември 2024 (МИА) – Адвокатите на американската гимнастичарка Џордан Чилс поднесоа жалба пред Врховниот федерален суд на Швајцарија за да го оспорат одземањето на бронзениот медал што накратко и беше доделен на Олимписките игри во Париз.

Чилс (23) првично заврши четврта во партер, но беше наградена со бронзен медал благодарение на ревизијата на нејзиниот резултат, што и овозможи да ја престигне Романката Ана Барбоса.

Сепак, романскиот тим ја оспори одлуката пред Судот за спортска арбитража (CAS) и таа жалба беше уважена бидејќи последователно беше утврдено дека барањето на Чилс за ревизија на резултатите било задоцнето.

Поради ова, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го „врати“ бронзениот медал на Романката.

Адвокатите на американската гимнастичарка сега тврдат дека поднеле жалба до швајцарскиот федерален врховен суд, бидејќи наводно имаат видео доказ дека Џордан Чилс навреме поднел барање за ревизија.

Барањето на американската гимнастичарка е поддржан од Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД, кој смета дека одземањето на нејзиниот медал било „неправедно“. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан