• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Американка пронашла скриени заплашувачки писма во подрумот, упатени до веќе починати сограѓани

Американка пронашла скриени заплашувачки писма во подрумот, упатени до веќе починати сограѓани

Детроит, 29 јули 2025 (МИА) - Жителка на американската сојузна држава Мичиген, реновирајќи го својот дом, наишла на писма како од некој психолошки трилер-филм. Имено, откако нејзината куќа била оштетена од поплава, сопственичката и нејзините мајстори прво ги отстраниле старите тавански плочи во подрумот... Токму таму ги пронашла морничавите стари писма - адресирани до повеќе луѓе. Секоја од пораките има застрашувачки тон...

„Драга Мери Галагер, не излегувај предоцна или по мракот, затоа што може да имаш сериозна несреќа - сенка Икс“, гласи едно од писмата.

Според сопственичката Алаина, втората порака е уште подиректна. Тука читаме: „Подобро внимавај, затоа што ако не пазиш, ќе завршиш во еден од многуте ровови. И ако тоа се случи, тоа нема да биде моја вина (сфаќаш?)“.

Шокирана од откритието, пронаоѓачката одлучила да ги истражи имињата во писмата.

- Повеќето од луѓето до кои се адресирани писмата, починале мирно. Тоа ми даде малку мир, изјави Алаина.

@alaina.slp my boyfriend thinks the kids who used to live here back in the '80s or whenever hid these up there as a prank. regardless, it's still weird edit: the tiles are asbestos, the mastic is not #oldhouse #letter #creepy ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs - Skittlegirl Sound

Таа го сподели своето откритие на „Тикток“, па видеото надмина 350.000 прегледи. - Не очекував толку силна реакција. Многу луѓе ми велат да контактирам со полицијата, за што воопшто и не помислив на почетокот, признава таа.

Нејзиното момче верува дека писмата се всушност валкана шега од децата кои живееле во куќата во 80-тите. - Ни се чини како бизарна шега од минатото, поради малку детскиот начин на пишување и потписот „XXX Шедоу“, додаде Алаина.

Нејзините следачи, сепак, ја убедиле да се обрати до својот агент за недвижности, кој случајно, е и полицаец. Тој, пак, мисли дека писмата се, веројатно, дело на нестабилна личност од минатото. Денес, Алаина го гледа целиот случај поинаку. 

- Планирам да ги врамам (писмата) и да ги закачиме во подрумот. Тие сега се дел од приказната за оваа куќа, заклучи сопственичката.  си/

Фото: „Тикток“, фотоисечок.

Остани поврзан