• среда, 25 декември 2024

Американка го испорача најбрзиот нокаут во историјата на женскиот бокс (видео)

Американка го испорача најбрзиот нокаут во историјата на женскиот бокс (видео)
Лос Анџелес, 25 јули 2020 (МИА) - Сениса Естрада синоќа влезе во историјата на спортот со најбрзиот нокаут во историјата на женскиот бокс. Оваа 28-годишна Американка, наречена „супер лоша“ ја доби Миранда Адкинс за само седум секунди. Веднаш откако се огласи ѕвончето за старт, Естрада ја нападна противничката и упати еден, два, три удари, а потоа ја испрати нејзината противкандидатка на земја со уште четири директи во главата, пред да сфати што ја снајде и изгуби свест. Естрада е привремен шампион според ВБА-верзијата во категоријата „мува“ и ВБЦ (сребрена) верзија во јуниорска „мува“ и ова беше нејзината 19-та победа од ист број натпревари. Адкинс го доживеа својот прв пораз во шестата борба во кариерата.

Тагови

Остани поврзан