• сабота, 23 ноември 2024

Американец ја прекршил изолацијата и физичкото растојание, почина еден ден откако јавно се покаја

Американец ја прекршил изолацијата и физичкото растојание, почина еден ден откако јавно се покаја
Лос Анџелес, 3 јули 2020 (МИА) - На средовечен камионџија од јужна Калифорнија (САД), му здодеала изолацијата поради корона-пандемијата и отишол на забава со скара во близина. По извесно време, јавно се покаја за тоа, и тоа еден ден пред да почине од коронавирусот. Томас Марсијас (51) на 18 јуни дознал дека е заразен со вирусот. Потоа се покажало дека на собиранката што се случила две-три недели претходно, тој бил во контакт со асимптоматски заразено лице. Томас на 20 јуни ја објавил својата исповед на Фејсбук: „Поради мојата глупавост, сега мојата мајка, сестрите и цело мое семејство се во опасност. Ова беше болно искуство. Со Божја волја, се надевам оти ќе го преживеам ова.“ Како што денеска пренесуваат западните медиуми, Томас Маријас починал утредента.  си/сд/

Остани поврзан