• недела, 06 октомври 2024

Американецот Холовеј го урна рекордот на 60. метри со пречки во сала

Американецот Холовеј го урна рекордот на 60. метри со пречки во сала
Мадрид, 24 февруари 2021 (МИА) – Нов светски рекорд во дисциплината 60 метри со пречки во сала постигна денеска американскиот атлетичар Грант Холовеј на митингот во Мадрид, истрчувајќи ја патеката за 7,29 секунди. Актуелниот светски првак на 110 метри со пречки беше за една стотинка побрз од најдоброто време што од 1994 година беше во сопственост на Британецот Колин Џексон. Второпласиран на трката во Мадрид, со дури 22 стотинки заостанување зад Холовеј, беше светскиот првак на 60 метри со пречки во сала, Ендрју Поци од Велика Британија, За новиот светски рекордер ова беше 54. последователна победа во трките на 60 метри со пречки во затворено.ег/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан