• среда, 27 ноември 2024

Амбасадорот Хил со порака до официјален Белград: Ако мислите дека Русија ќе помогне за Косово - размислете повторно

Амбасадорот Хил со порака до официјален Белград: Ако мислите дека Русија ќе помогне за Косово - размислете повторно
Белград, 1 мај 2022 (МИА) -  Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил оцени дека САД и ЕУ очекуваат Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, а Белград треба да „преиспита“ доколку верува дека Русија ќе му помогне да го реши косовското прашање, пренесе Бета. Амбасадорот, кој веќе еден месец е во Белград, во интервју за „Глас на Америка“ објавено денеска изјави дека Србија сама одлучува за санкциите, без притисок, но не кажа дали ќе има последици за српско-американските односи доколку Белград остане на сегашната позиција. Хил рече дека американскиот сенатор Крис Марфи и неговите колеги и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за повеќе теми минатата недела, вклучително и за односите меѓу Србија и САД, и рекле дека односите се добри, но и дека може да се направи повеќе. „Една од темите беше ситуацијата во Украина, една од најголемите трагедии во овој век. Затоа, не е чудно што американските претставници презентираа различни аспекти на таа ситуација во комбинација со односите меѓу Србија и ЕУ“, рече тој. Во врска со ова, Хил го појасни во интервјуто, рече тој, „несогласувањето околу извештајот напишан од сенаторот Марфи, каде што луѓето некако сфатија дека тие 60 дена за економско прашање се однесуваа на санкции - што не е точно. Бев таму и не се работеше за санкции“. Вучиќ ги демантираше и тврдењата дека кога споменал дека за 60 дена ќе одлучува и одговара на една тема, се зборувало за санкции кон Русија. зш/

Остани поврзан