• среда, 27 ноември 2024

Амбасадорот на Турција повикан на разговор поради навредите на Ердоган кон Австрија

Амбасадорот на Турција повикан на разговор поради навредите на Ердоган кон Австрија
Виена, 18 мај 2021 (МИА) - Австриското Министерство за надворешни работи денеска го повика турскиот амбасадор на разговори поради навредите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Австрија за нејзината за Израел во конфликтот со Хамас во Појасот Газа. - Обвинувањата на претседателот Ердоган се апсурдни. Проблемот со Блискиот Исток нема да се реши со запенавена устата, изјави шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг. Тој додаде дека е повикан турскиот амбасадор во Министерството за надворешни работи поради „апсурдни изјави“ на Ердоган. Ердоган вчера ја нападна Австрија поради што врз зградата на канцеларот и пред Министерството за надворешни работи беа истакнатио израелски знамиња во знак на солидарноста на Австрија со Израел во судирот со терористичката организација Хамас. - Ја проколнувам државата Австрија, која сака муслиманите да ја платат цената затоа што Австрија изврши геноцид врз Евреите, изјави вчера Ердоган. Претседателот на Турција исто така го обвини австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за „антитурски изјави“. Шаленберг објасни дека Хамас е терористичка организација на која не смее да им се дозволува да ги наметнува правилата на играта. - Со паушален напад врз владите како австриската, кои, во сенка на теророт, застанаа рамо до рамо со Израел, турските политичари уште еднаш го покажуваат своето застрашувачко разбирање за законот. Наместо да додава гориво на огнот, Турција треба да придонесе за деескалација на конфликтот што е можно поскоро, посочи Шаленберг . Во меѓувреме, израелските знамиња се отстранети од владините објекти. Претходно беше најавено дека истакнувањето на израелското знаме е „временски ограничен гест на солидарност со израелскиот народ и против теророт“. ми/

Остани поврзан