• сабота, 23 ноември 2024

Амбасадорот Дритон Куќи присуствуваше на првиот час по македонски јазик во Норвешка

Амбасадорот Дритон Куќи присуствуваше на првиот час по македонски јазик во Норвешка

Скопје, 9 септември 2023 (МИА) – Амбасадор на Република Северна Македонија во Кралство Норвешка Дритон Куќи присуствуваше на првиот час по македонски јазик во Норвешка и ги повика родителите од дијаспората да ги запишат децата да го изучуваат мајчиниот јазик.

-Првиот час по македонски јазик! Денес, ги посетив децата од училиштето по македонски јазик, кои заедно со професорките Ана и Андриана, ќе го изучуваат мајчиниот јазик. Училиштето на македонски јазик и основањето на македонското православно здружение, се битни елементи и моменти во организирањето и консолидирањето на македонската дијаспора во Кралството Норвешка, како едни од моите приоритетни залагања во овој мандат, објави амбасадорот Куќи на својот Фејсбук профил.

Куќи, исто така, во име на нашата амбасада и иницијативниот одбор, изрази благодарност на Македонската Православна Црква и Дирекцијата за иселеништво за нивната помош. аа/

Фото: Фејсбук на Дритон Куќи 

Остани поврзан