• сабота, 23 ноември 2024

Амбасадорката Руси-Поповска оддаде почит на загинатите во автобуската несреќа на автопатот Струма

Амбасадорката Руси-Поповска оддаде почит на загинатите во автобуската несреќа на автопатот Струма
Софија, 23 ноември 2022 (МИА) - Амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, оддаде почит на 45 македонски државјани загинатите кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма, пред точно една година, јави дописникот на МИА од Софија. Придружувана од заменик-амбасадорот, Владимир Крстевски и други претставници на Амбасадата во Бугарија, Руси-Поповска положи букет на местото на несреќата. Сите бугарски централни и регионални медиуми денеска со посебни прилози потсетуваат на овој трагичен настан, а во некои има и изјави на роднините на загинатите, кои го поставуваат прашањето за одговорноста. Бугарскиот адвокат на роднините на починатите државјани на Северна Македонија го поставува прашањето за квалитетот на автопатот Струма и стабилноста на заштитните огради. Во автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски државјани, кои се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс”.  нк/вг/

Остани поврзан