• среда, 27 ноември 2024

Амбасадорката на САД Агелер во Штип на средба со градоначалникот Јорданов

Амбасадорката на САД Агелер во Штип на средба со градоначалникот Јорданов

Штип, 29 јули 2024 (МИА) - Во посета на Општина Штип денеска беше амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која оствари средба со градоначалникот Иван Јорданов, информираа преку писмено соопштение од Општина Штип.

-На средбата отворено се разговараше за предизвиците, проектите, правецот на развој на Општина Штип,како и борбата против корупцијата на секое ниво во општеството.Градоначалникот Иван Јорданов изрази голема благодарност за соработката која Општина Штип ја има со Амбасадата на САД и партнерството кои веќе долги години овозможува Штип да реализира проекти помогнати со парите на американските граѓани, се вели во соопштението на Општина Штип.

Во него се посочува дека средбата  завршила со покана наесен амбасадорката на САД, Агелер  да биде гостинка на познатите настани, „Штипска Пастрамајлијада“ и Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. вдј/нд/

Фото: Општина Штип 

Остани поврзан