• недела, 21 јули 2024

Конкурс „Амбасадорка на ден“ на Шведската амбасада

Конкурс „Амбасадорка на ден“ на Шведската амбасада

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Амбасадата на Шведска во Скопје распиша конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден“ како дел од глобалната иницијатива #GirlsTakeOver, според која девојките заземаат позиции на моќ по повод  11 Октомври - Меѓународниот ден на девојките.

Може да конкурираат девојки над 15 години, кои се грижат за родовата еднаквост, еднаквите можности за жените и девојките, како и за ставање крај на насилството врз жените и девојките. Како што информираат од Амбасадата, од кандидатката се очекува да ја следи амбасадорката во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата.

На крајот од работниот ден, ќе треба да даде краток извештај за работата што ја завршила. Работното време ќе биде од 08:30 со 16:30 часот.

Сите заинтересирани кандидатки може да се пријават до 10 ноември, на е - пошта: ambassaden.skopje@gov.se, и да достават мотивациско писмо, кратка биографија, како и писмена согласност од родителите за девојчиња на возраст од 15- 18 години.

Кандидатката која ќе биде избрана, же биде известена  во текот на декември, а од неа се очекува да ги изврши своите должности во текот на Денот на жената - 8 март. љм/бак/

Фото: Амбасада на Шведска 

Остани поврзан