• вторник, 24 декември 2024

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Панчевски

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Панчевски
Скопје, 5 август 2020 (МИА) - Амбасадата на САД во Северна Македонија ја поздрави денеска пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски. - Пресудата од страна на Велешкиот суд, со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски е осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, е позитивен чекор во барање одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на независноста на судството, објави на Твитер Амбасадата на САД. Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, синоќа од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе синоќа по завршување на рочиштето што траше повеќе од десет часа. нд/сп/

Остани поврзан