Амбасадата на Ватикан во Киев оштетена во руски напади
- Амбасадата на Ватикан во Киев соопшти дека зградата на мисијата е оштетена за време на денешните руски напади врз украинскиот главен град, но дека никој не е повреден.
Киев, 10 јули 2025 (МИА) – Амбасадата на Ватикан во Киев соопшти дека зградата на мисијата е оштетена за време на денешните руски напади врз украинскиот главен град, но дека никој не е повреден.
- За време на уште еден напад врз градот Киев, оваа Апостолска нунцијатура претрпе одредена штета на главната зграда, како и на сервисните простории, се наведува во соопштението.
Амбасадорот на Ватикан во Украина, надбискупот Висвалдас Кулбокас, изјави за Ватикан Њуз дека видел дронови како кружат околу амбасадата и слушнал неколку експлозии во текот на ноќта. јт/
Фото: Амбасада на Ватикан во Киев