• среда, 27 ноември 2024

Амазонската прашума за 18 години изгуби површина колку Шпанија

Амазонската прашума за 18 години изгуби површина колку Шпанија
Рио де Жанеиро, 9 декември 2020 (МИА) - Прашумата Амазон е многу позагрозен отколку пред осум години, се наведува во извештајот на група истражувачи и невладини организации насловен „Амазон под притисок“. Во Амазон во периодот од 2000 до 2018 година исечена е шума од површина од 513.016 километри квадратни, колкава што е површината на Шпанија. На тој начин најголемата прашума во светот се намали за осум проценти, се наведува во извештајот на Амазонската мрежа за општествено-еколошко географски информации (РАИСГ). - Амазон е многу позагрозена од пред осум години, се наведува во извештајот на РАИСГ, која слична студија објави и во 2012 година. Прашумата Амазон опфаќа девет земји: Бразил, Колумбија, Перу, Боливија, Еквадор, Венецуела, Суринам, Гвајана и Француска Гвајана, со околу 47 милиони жители, вклучително и голем број домородни заедици. Најлоша година е 2003 година кога е исечена шума од 49.240 километри квадратни. Потоа е забележан пад, а најниското ниво е во 2010 година (17.674 квадратни километри), а потоа од 2012 година повторно е зголемена сечата. Бразил има 62 отсто од прашумата Амазон, но повеќе од 85 отсто од сечата е на негова територија. Во периодот од 2000 до 2018 година од бразилската прашума исечени се 425.051 километри квадратни. И шумскитепожари придонесоа за намалување на површината на прашумата Амазон, а најголемото уништување е забележано во Боливија. ми/

Тагови

Остани поврзан