• вторник, 24 декември 2024

Ал Раиси: Интерпол има повеќе членки од Обединетите нации, очекуваме нови

Ал Раиси: Интерпол има повеќе членки од Обединетите нации, очекуваме нови

Лион, 28 ноември 2023 (МИА) - Интерпол има повеќе членки од Обединетите нации, а организацијата очекува да прими повеќе земји, изјави претседателот на Интерпол Ахмед Насер ал Раиси.

-Земјата што ја примаме е Палау. Се надеваме дека повеќе земји ќе се приклучат во иднина. Ние сме најголемата организација. Ќе имаме 196 членки, што е повеќе од ОН, рече Ал Раиси во пресрет на 91. Генерално собрание на Интерпол.

Според него, Интерпол постојано прима нови членови.

-Многу ни е важно на криминалците да не им оставиме место за криење, објасни претседателот на Интерпол.

Интерпол моментално има 195 земји-членки, додека Обединетите нации имаат 193 земји-членки.

Ал Раиси ја презеде функцијата претседател на Интерпол во ноември 2021 година.

Од денеска до 1 декември во Виена ќе се одржи 91. Генерално собрание на Интерпол, по повод 100-годишнината од создавањето на организацијата во главниот град на Австрија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан