• среда, 27 ноември 2024

Ал Наср и Интер Мајами се подготвени да му понудат договор на Модриќ

Ал Наср и Интер Мајами се подготвени да му понудат договор на Модриќ

Мадрид, 2 јануари 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе добие понуди од Ал-Наср или Интер Мајами, објави Марка.

Хрватскиот репрезентативец се уште нема да го менува клубот. Претходно беше објавено дека потпишувањето на нов договор со играчот од средниот ред е само прашање на време за „кралскиот клуб“.

Актуелниот договор на фудбалерот од средниот ред со Реал Мадрид е со важност до крајот на тековната сезона.

Оваа сезона Модриќ настапи на 18 настапи за мадридскиот клуб во сите натпреварувања и постигна пет голови. зс/

Остани поврзан