Ал-Џавлани: Нема помилување за луѓето кои вршеле тортура и убиства на затвореници
- -Ќе ги гониме во Сирија и ќе побараме од земјите каде што (прекршителите) избегале да ни ги предадат за да ја исполниме правдата, рече Ал Џавлани во изјава емитувана на сириската државна телевизија преку каналот Телеграм.

Дамаск, 11 декември 2024 (МИА) - Лидерот на сириските бунтовници Ахмед ал Шарех, попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани, денеска изјави дека ниту еден од луѓето вклучени во тортурата и убиствата на затворениците во сириските затвори нема да биде помилуван, пренесоа британските медиуми.
-Ќе ги гониме во Сирија и ќе побараме од земјите каде што (прекршителите) избегале да ни ги предадат за да ја исполниме правдата, рече Ал Џавлани во изјава емитувана на сириската државна телевизија преку каналот Телеграм. сд/
фото:Скриншот Си-Ен-Ен