• сабота, 23 ноември 2024

Алфа Ромео ги обнови договорите со Раиконен и Џовинаци

Алфа Ромео ги обнови договорите со Раиконен и Џовинаци
Хинвил, 30 октомври 2020 (МИА) - Возачите Кими Раиконен и Антонио Џовинаци ќе продолжат да настапуваат за Алфа Ромео во сезоната 2021 година, пренесува прес-службата на Формула 1 тимот. Четириесет и едногодишниот Финец и 26-годишниот Италијанец ги обновија договорите за следната година. Раиконен и Џовинаци се во Алфа Ромео од сезоната 2019 година. Како дел од швајцарскиот тим, Раиконен го постави рекордот со најмногу трки во историјата на Формула 1 шампионатот. зс/

Остани поврзан