• среда, 25 декември 2024

Алушовски разочаран и покрај победата над Нексе

Алушовски разочаран и покрај победата над Нексе
Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски не беше задоволен од изданието на неговите ракометари и покрај победата (27:26) над Нексе синоќа во натпревар од СЕХА лигата. - Имавме четири разлика, па потоа следуваше несфатлив пад во играта, особено во напад, правевме премногу технички грешки кои резултираат со брз гол на ривалот. Да бидам искрен, не сум задоволен од многу работи. Првпат кажувам дека сум разочаран после еден натпревар, за тоа како го испочитуваа играчите договореното пред натпревар. На минатиот дуел со Војводина, без задоволен од одбраната, но сега ако не беше Борко Ристовски и нивните промашени зицери, натпреварот лесно можеше да биде во корист на Нексе. Сепак на секоја победа треба да се гледа од позитивната страна и утре со ладни глави ќе анализираме што беше добро, а што лошо и подготвени ќе заминеме за Порто, изјави Алушовски. За Вардар ова беше втора победа во СЕХА од два натпревара и е лидер во Б-групата со 6 бода. Нексе е втор со 3, додека Војводина и Мотор Запорожје немаат бодови. зс/

Остани поврзан