Алушовски по триумфот над Флензбург: Забележавме голема победа
- Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници кои синоќа забележаа победа над германскиот ракометен великан Флензбург.

Скопје, 16 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници кои синоќа забележаа победа над германскиот ракометен великан Флензбург.
- Ова е голема победа која ќе ни даде потстрек за понатаму. Честитки до момците на карактерот, кои и покрај паузата од еден месец покажаа завидно ниво. Добро бевме подготвени и добро ја имавме анализирана играта на противникот. Двата бода се големи и ни го отвораат патот кон осминафиналето. Пред нас е нов натпревар, против Порто. Посакувам уште еден добар меч, истакна Алушовски на прес-конференцијата по синоќешниот дуел.